Пепи Манасков ќе биде дел од стручниот штаб на Червар

Од:

Пепи Манасков ќе биде дел од стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација на претстојното Светско Првенство во Франција.

Ова на денешниот состанок пред Управниот Одбор на РФМ го обелодени селекторот Лино Червар, кој го образложи претходно најавеното проширување на стручниот штаб.

Во стручниот штаб како тренери покрај Илија Темелковски ќе бидат уште и Александар Јовиќ и Пепи Манасков, додека па за физичката подготвеност ќе се грижат Кристијан Кајчевски и Иван Теосављевиќ.

Засилување ќе има и кај позицијата „тренер на голманите“, каде покрај Ице Соколевски ќе биде и Петар Мисовски, кој ја извршува оваа функција во стручниот штаб на Червар во Металург.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ