Одбранбениот фудбалер на Португалија, Пепе ја доби наградата МВП за најкорисен играч во финалето на Европското фудбалско првенство во Франција.
Членот на Реал Мадрид кој ги обедини европските титули во клупскиот и репрезентативниот фудбал, го одигра целиот натпревар без грешка. Тој „диригираше“ со одбраната на Португалија која се покажа непробојна за француските фудбалери.
Пепе не направи ниту еден фаул, имаше 11 расчистувања, три блокади, две пресечни топки и еден успешен лизгачки старт.
Португалија во финалето на ЕУРО 2016 ја победи Франција по продолженија со 1:0 и за прв пат ја освои титулата европски шампион.