Пенезиќ: Во Вардар дојдов за да ја освојам Лигата на шампионите

Од:

Најдобрата ракометарка на македонскиот првак ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ која во моментов е втор стрелец во Лигата на шампионите со 89 гола во интервју за ЕХФ изјави дека во Скопје е дојдена со својот клуб да го освои трофејот во елитното натпреварување.

– Знаев точно што сакам следно во мојата кариера. Дојдов во Вардар со една цел – да ја освојам Лигата на шампионите и чувствувам дека ова е местото и тимот со кој ќе успеам да го остварам тоа. Ова е мојот прв Ф4 турнир како играч, но јас бев присутна и минатата година на Ф4 во Будимпешта, како гледач. Во тоа време веќе се имав договорено со Вардар и имав голема желба да бидам дел од тој настан и следната сезона, истакна Пенезиќ.

За противникот во полуфиналето на Ф4 таа вели дека е силен состав, но не и непобедлив.

– Го познаваме Будуќност многу добро. Тие се една екипа цврста во одбрана, одлично организирана и секогаш се меѓу фаворитите за титула. Но, јас чувствувам дека можат да загубат – секој може да загуби. Нашата победа против Ѓер направи да веруваме дека можеме да победиме против секоја екипа.

Пенезиќ задоволна и од работата на тренерскиот тандем Индира Кастратовиќ и Јан Питлик.

– Нашата најголема сила во Вардар е тимскиот дух. Ова е една балканска врска. Тоа најмногу се должи на Индира, која има многу големо трпение и доверба во нас, а исто така е голем мотиватор. Доаѓањето на Јан ни даде една свесност во тактичка смисла и го разви тој дел од нашата гира. Чувствувам дека сме еден перфектен тактички микс на балкански и скандинавски ракометен стил – тоа е една од нашите најсилни страни, потенцира бекот на „црвено-црните“.

Вардар на 9 мај против Будуќност ќе се обиде со победа да обезбеди финале на завршниот турнир во Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска