Ракометарката на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ уште еднаш се најде меѓу трите ѕвезди во изборот на ЕХФ ТВ што се однесуваше за реванш натпреварите од четврт-финалето на Лигата на шампионките.
Таа со осум погодоци во нерешените 27:27 со Ѓер беше најзаслужната за пласманот на македонскиот првак во полуфиналето од ЛШ.
Претходно Пенезиќ за една од трите ѕвезди на колото беше избрана во 9.коло за играта прикажана против Крим и за настапот со Динамо Синара во последното коло од групната фаза.
Хрватката со 89 постигнати голови е втор стрелец во ЛШ веднаш зад Кристина Неагу од Будуќност која има постигнато 92 погодоока.
Уште две вардарки викендот влегоа во ТОП 5:
за категоријата најдобра одбрана – Амандин Лејно и
за најубав гол – Маја Сокач.