По триумфот во Будимпешта кај ФТЦ од 37:24 во 5.коло на Б групата на Лигата на шампионите, вардарки имаа причина повеќе за славје. Го прославија роденденот на Андреа Пенезиќ, му се реваншираа на ФТЦ за ремито во првото коло, и ја остварија четвртата победа по ред сезонава за зацврстување на првото место на табелата.
– Морам да признам дека се подготвувавме цела недела за овој меч. Имавме респект кон ФТЦ. Во првиот натпревар во Скопје не бевме најдобри, ама сега целосно ја оправдаме улогата на фаворит. Одигравме најдобар меч досега, првенствено мислам на одбраната која функционираше совршено. И кога некој ќе погрешеше, имаше кој да помогне и да затвори. Ова ми е најдобар подарок за роденден, вели Андреа Пенезиќ.
Во следната фаза од ЛШ, Вардар ќе пренесе три бода од дуелите со ФТЦ. Во последното коло од правата групна фаза македонскиот шампион гостува кај Лајпциг.