Ракометарите на Пелистер постигнаа победа на последниот натпревар од петтото коло од Супер лигата, одигран вечерва во Скопје, против Работнички.
Со овој триумф, заедно од екипата на Охрид се наоѓаат на врвот на табелата. Битолчани го совладаа Работнички со 32:21 (18:8).
На другите натпревари од оваа рунда, одиграни вчера, беа постигнати следниве резултати: Пролет – Еурофарм Работник 25:24, Охрид – Вардар Јуниор 31:24, Радовиш – Прилеп 26:22 и Борец – Металург II 31:31.
Табела: Пелистер 12 бода, Охрид 12, Еурофарм Работник 9, Прилеп 9, Радовиш 9, Металург II 8, Пролет 7, Борец 4, Вардар Јуниор 3, Работнички 0.