Пелистер го доби дербито против Победа

Од:

Фудбалерите на Пелистер беа подобри од пелагонискиот ривал Победа во натпреварот од првото коло на новата сезона на Првата македонска фудбалска лига.

На средбата одиграна во Прилеп, битолски Пелистер со 2-1 ја совлада Победа. Головите за гостите ги постигнаа Иве Трифуновски (24.минута) и Лукас (68), додека за домаќините голот и тоа од пенал го постигна Борче Маневски (51) .

На стадионот Чаир во Скопје, новиот прволигаш Академија Пандев беше близу до дебитантска победа откако со голот на Дориев во 77. минута поведе на гостувањето против Шкупи, кој пак од пораз го спаси Фати Исмаили со погодокот во 89. минута за конечен резултат 1-1.

Во Кратово, Силекс со триумф ја отвори новата сезона откако минимално со 1-0 го совлада новиот член на Првата лига, Скопје

Победничкиот гол за Силекс го пристигна новото засилување од Бразил, Маркос де Оливеира Жуниор уште во 10. минута од мечот.

Потсетување дека вчера на отворањето на сезоната беа одиграни две средби. Во дербито Шкендија со 2-0 го победи Вардар, а немаше голови на средбата Работнички – Ренова 0-0.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он