Менаџерот на Манчестер Сити Мануел Пелегрини не ја прифати понудата од Бразилскиот фудбалски сојуз да биде предводник на „кариоките“.
Бразилците се во потрага по нов селектор откако Луис Фелипе Сколари по завршувањето на Мундијалот поднесе оставка на селекторската позиција.
Пелегрини беше посакуваната опција за првите луѓе на бразилскиот фудбал, но тој ја одби понудата со образложение дека сака да го одработи докрај договорот со Манчестер Сити.
Чилеанскиот стратег има важечки договор со Сити уште три години. Минатата сезона ги предводеше „граѓаните“ до шампионскиот трофеј во Премиер лигата.