Педерсен победи на 13.етапа на Тур де Франс

Од:

Данскиот велосипедист Мадс Педерсен е победник на 13. етапа на Тур де Франс, од Бург Д’Озан до Сент Етјен. Делницата долга 192,6 километри ја помина за четири часа, 13 минути и три секунди.

Британецот Фред Рајт беше втор, додека Канаѓанецот Уго Ула ја мина целта на третото место.

Водечката позиција во генералниот поредок ја задржа Данецот Јонас Вингегард, со предност од 2,22 минути пред второпласираниот Словенец Тадеј Погачар.

На третото место е Британецот Герајнт Томас со 2,26 минути заостанување зад лидерот.

Утре се вози 14.етапа долга 192,5 километри од Сент Етјен до Менд.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карамбол на Тур де Франс: Повредени велосипедисти лежат на патот, Брзата помош ги пренесува во болница

Голем инцидент на „Тур де Франс“, велосипедист заработи скршеница на вратот

Словенецот Погачар ја одбрани титулата на Тур д Франс

Словенецот Тадеј Погачар победник на Тур де Франс 2020

Ана Ололовска

Нов термин за Тур де Франс 2021 поради Олимпијадата

Ана Ололовска

Тур де Франс ќе се одржи од 29 август до 20 септември

А1он