Македонскиот каратист Емил Павлов заврши како трет во групата „Б“ во категоријата до 60 килограми на Европските игри во Минск и остана без шанса да се бори за медал на ова натпреварување.
Павлов забележа победа и две ремија, што не беше доволно за да стигне до полуфиналето и можност за борба за медал.
Нашиот каратист почна со реми против Италијанецот Анџело Крешенцо, а потоа не загуби и од Азербејџанецот Фирдовси Фарзалиев.
Во последниот меч Павлов го победи Белорусинот Иља Булатау но тоа не беше доволно за второ место кое обезбедува борба за одличја.