Пау Гасол потпиша за Сан Антонио

Од:

Шпанскиот кошаркар Пау Гасол потпиша двегодишен договор со Сан Антонио вреден 30 милиони долари. Со неговиот ангажман, Спарс најдоа замена за Тим Данкан кој одлучил да ја заврши кариерата, пренесуваат американските медиуми.

Изминатиот период интерес за Гасол покажуваа многу клубови, најмногу Портланд, Минесота и Торонто, но Шпанецот го избра Сан Антонио.

Гасол (36) досега во НБА лигата настапуваше за Мемфис, ЛА Лејкерс и Чикаго.

Би можело да ве интересира

Браќата Гасол ја завршија репрезентативната кариера

Катерина Ѓуровски

Пау Гасол до декември ќе реши дали ќе ја продолжи кариерата

Жарко Настоски

Пау Гасол: Би сакал да ја завршам кариерата во Лејкерс или Барселона

А1он

Гасол се сети на Коби: Ни треба тој менталитет во моментов

Ана Ололовска

Гасол: Мислам на пензија, неизбежна е

А1он

Гасол гледа кон Токио и својата петта Олимпијада

Ана Ололовска