Патрис Евра ќе паузира еден месец

Од:

Францускиот интернационалец Партис Евра ќе биде надвор од фудбалските терени еден месец.

Фудбалерот на Јувентус, Евра поради повреда на бутниот мускул ќе мора да паузира во наредните триесетина дена, објавија денеска од редовите на италијанскиот шампион.

Евра се повреди на тренинг, а по извршените прегледи констатирано е дека тој ќе мора да мирува подолг период.

Триесет и тригодишниот Французин летоска дојде во редовите на Јувентус откако девет сезони го носеше дресот на англискиот премиер лигаш Манчестер Јунајтед. Евра во дресот на „Старата дама“ досега одигра шест натпревари, четири во Серија А и два во Лигата на шампиони. 

Би можело да ве интересира

Цунами во Јувентус: Ањели и компетното раковдство поднесоа оставки

Катерина Ѓуровски

Јувентус го комплетираа трансферот на Филип Костиќ

Алегри сака да го врати Мората во Јувентус

Рабио ќе направи изненадувачки трансфер

Погба би можел да го пропушти стартот на сезоната

Бонучи: Де Лихт покажа непочитување кон Јувентус