Партизан во мајсторката ја совлада Звезда и ја освои титулата во АБА лигата

Од:

Кошаркарите на Партизан ја освоија рекордната седма титула во АБА лигата, прва по 10 години, откако во петтиот, решавачки меч од финалето ја совладаа Црвена Звезда со 96:85 (30:18, 24:16, 21:34, 21:17).

Партизан многу подобро го отвори натпреварот, поведе со 16:9 на половина од првото полувреме. Првата значајна предност Партизан ја оствари во првата четвртина во 10. минута (30:18), што беше и резултат со кој заврши делот.

Партизан во првата четвртина реализира дури шест тројки од осум обиди, од кои по два Кевин Пантер и Џејмс Нанали.

По двете врзани тројки на Зеко Ледеј, Партизан на стартот од вториот дел дојде до предност од 16 поени (36:20), а потоа и од 20 (46:26).

Во 18. минута беше и плус 21 (52:31), а полувремето заврши со резултат 54:34.

Почетокот на третиот дел им припадна на гостите, кои ја направија серијата 9:3. Тројката на Бен Бентил во 25. минута ја намали Звезда на минус 11 (50:61), но Партизан го одби нападот на гостите со поените на Пантер и Матиас Лесор.

Звезда со новата серија првпат дојде до едноцифрена негатива по првиот дел (62:70, па 64:71).

Партизан влезе во последната четвртина со резултат 75:68, по тројката на Факунда Кампач со звукот на сирената.

Јасно беше дека ќе има голема драма во финишот, кога Звезда на шест минути пред крајот дојде на само минус четири (75:79).

На три и пол минути до крајот, по забивање на Данте Ексум, Партизан водеше 85:76, а на 2.44 пред крајот имаше огромни плус 12 (89:77).

Убедливо најефикасен кај Партизан беше Пантер со 32 поени, Ледеј даде 15, Нанели 12, а Лесор и Ексум по 10.

Звезда ја предводеше расположениот Огњен Добриќ со 18 поени, Бентил даде 15, Немања Недовиќ 12, а Кампацо 10.

Натпреварот се одигра во фантастична атмосфера и помина без инциденти, а во Арената за АБА лигата имаше рекордни 22.198 навивачи.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Дубаи во АБА лигата

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“