Кошаркарите на белградски Партизан постигнаа победа на синоќешниот дуел со Мега одигран во салата „Пионир“.
Партизан беше подобар со 89:80 (18:14, 25:19, 16:26, 30:21). Најефикасен на натпреварот беше повратникот во тимот на Партизан Александар Павловиќ со 26 поени.
Инаку, вчера во дуел од 11.коло и македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром постигна победа со 72:61 го совлада Левски.
Денеска се играат два натпревара од оваа рунда: Цедевита – Задар и Металац – Црвена Звезда.
Резултати од другите натпревари: Олимпија – Шолнок 79:61, Крка – Будуќност 81:90 и Игокеа – Цибона 61:71.
Табела: Будуќност 10-1 (победи-порази), Црвена Звезда 10-0, Олимпија 7-4, Цедевита 7-3, Партизан 6-5, Крка 5-6, Мега 5-6, Шолнок 5-6, Цибона 5-6, МЗТ Скопје 4-7, Игокеа 3-8, Металац 4-6, Задар 3-7, Левски 1-10.