Партизан генерална проба за Металург пред гостувањето во Барселона

Од:

Ракометарите на Металург утре продолжуваат со забрзаниот ритам на натпревари. Српскиот претставник Партизан ќе биде генерална проба за македонскиот вицепрвак пред саботното гостување кај Барселона.

Средбата Металург – Партизан ќе се одигра утре од 17 часот и 45 минути во СЦ „Борис Трајковски“ во рамките на 6.коло од СЕХА лигата, а во таборот на Металург очекуваат сигурна победа.

– Можеби претходниот исход со Нексе е добредојден за да се сфати дека без максимално залагање до крај не може секогаш да се победи. Многу е важен пристапот на сите кои ќе добијат шанса да настапат. Партизан е млада екипа со добра иднина и треба сериозно да се влезе на овој дуел, изјави тренерот Лино Червар на денешната прес-конференција.

И против „црно-белите“ Металург најверојатно нема да биде комплетен. Во тимот се враќаат Велко Марковски и Ацо Јоновски, но здравствени проблеми имаат Ванчо Димовски, Никола Марковски и Златко Мојсоски.

Голманот Раде Мијатовиќ кој беше еден од подобрите со Нексе, очекува сигурна победа против неговиот поранешен клуб и враќање на самодовербата пред гостувањето кај Каталонците во 3.коло од Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он