Паркер се збогуваше со навивачите на Сан Антонио

Од:

Францускиот кошаркар Тони Паркер се збогуваше со навивачите на Сан Антонио, клуб за кој настапуваше изминатите 17 години.

– Благодарам, Сан Антонио! Тоа беше мојата најдобра работа на планетата. Вклучувајќи ги и фановите кои секогаш беа на моја страна. Само Сан Антонио можам да го викам мојот вистински дом, напиша Паркер, на социјалните мрежи. зс

36-годишниот НБА играч кој потпиша договор со Шарлот, со клубот од Тексас освои шампионски прстен во 2003, 2005, 2007 и 2014 година.

За време на 17-годишниот престој во Сан Антонио, Паркер во НБА лигата оствари просек од 15,8 поени по натпревар.

Во Шарлот се обврза на договор од 1+1 година за сума од 10 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот