Паркер го предводеше Сан Антонио до 1-0

Од:

Екипата на Сан Антонио поведе со 1:0 во победи откако ноќеска го доби првиот натпревар од финалето на Западната конференција во НБА лигата. Пред својата публика Сан Антонио славеше со 105:83 против Мемфис.

„Мамузите“ убедливата победа ја најавија уште во првиот период, кој го добија со 31:14. Гостите со трите од пет тројки на Квинси Пондекстер во финишот на третиот период се доближија на шест негатива (56:62), но немаа сили за пресврт.

Најефикасен беше Тони паркер со 20 поени, додека кај Мемфис потфрли Зек Рендолф со само 2 поена.
Следниот натпревар се игра во вторник навечер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ