Италијанецот Доминик Парис го освои по трет пат во кариерата спустот од Светскиот куп во алпско скијање на легендарната патека „Стелвио“ во италијанскиот зимски центар Бормио. Италијанецот ја помина патеката со должина од 3.270 метри за 1:55,21 минути.
Така тој ја забележа десеттата победа во кариерата на Светскиот куп и трета во Бормио по 2012 и 2017 година. По три победи на „Стелвио“ имаат австриските легенди Херман Маер и Михаел Валхофер.
Втори со 36 стотинки заостањување заврши друг Италијанец – Кристоф Инерхофер, а трети на 52 стотинки заврши светскиот шампион во дисциплината Беат Фојц од Швајцарија.
Фојц води на табелата за малиот кристален глобус во спуст со 260 поени, а по него се Макс Франц (Австрија) со 222 поени и Доминик Парис со 196.
Марсел Хиршер (Австрија), кој не учествува во брзите дисциплини, е лидер во генералниот пласман со 620 поени. Во пласманот понатаму следат Макс Франц со 363 поени, Аксел Лунд Свиндал (Норвешка) со 355 поени, Хенрик Кристоферсен (Норвешка) со 352 поени итн.
Утре во Бормио претстои Супер-Џи трка кај мажите