Италијанскиот скијач Доминик Парис е победник на денешниот спуст возен во австрискиот зимски центар Кицбил.
Парис беше единствениот кој патеката ја мина под 1 минута и 57 секунди и со време од 1:56.82 минута го освои највисокото место на подиумот.
Второто место му припадна на Австриецот Беат Фојц со време 1:57.20, додека трет беше Отмар Штридингр.
За Парис ова е трета победа во Кицбил по која се искачи на второто место во поредокот за спуст со 320 бода, 100 помалку од водечкиот Фојц.
Лидер во Генералниот пласман е Марсел Хиршер со 1.036 бода, пред Хенрик Кристоферсен со 621 и Алексис Пинторо со 560 бода.