Папата повика на мир, толеранција и помирување во текот на Олимпијадата

Од:

Во пресрет на Летните олимписки игри, што в петок почнуваат во бразилскиот град Рио де Женеиро, папата Франциско денеска упати порака во која нагласи дека Олимпијадата треба да ги поттикне луѓето ширум светот да манифестираат поголема меѓусебна солидарност и разбирање.

– Се надевам дека во денешниот свет кој копнее за мир, толеранција и помирување, духот на Олимписките игри би можел да ги инспирира сите учесници манифестираат добра борба и заедно да стигнат до целта, порача папата во својата олимписка порака, парафразирајќи цитат од Библијата.

Како што јави ДПА, папата порача дека целта на сите не треба да бидат медалите, туку „нешто многу повредно: создавање на цивилизација во која ќе владее солидарноста базирана на фактот дека сите ние сме дел од едно исто семејство на човештвото, независно од раликите во културата, бојата на кожата или религијата“.

Папата во пораката упати и честитки до Бразилците како домаќини на Олимпијадата за нивната покажана гостољубивост и нагласи дека се надева дека Олимписките игри ќе им помогнат „да ги надминат сегашните тешки времиња“ и да работат заедно на изградба на „порамноправна и поправедна земја која ќе нуди поголема надеж и задоволство“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска