Папата Франциск денеска го поздрави одржувањето на Светското првенство во фудбал и се помоли Мундијалот во Катар да биде можност за хармонија и мир во светот.
Овој важен настан нека биде повод за средба и хармонија на народите, во корист на братството и мирот меѓу народите. Да се молиме за мир во светот и крај на сите конфликти, истакна папата Франциск во своето неделно обраќање до верниците во Ватикан.
Папата Франциск е долгогодишен љубител на фудбалот и го истакнува спортот како начин за промовирање на солидарноста и братството.
Тој е роден во Аргентина и навива за клубот Сан Лоренцо од Буенос Аирес.
Извор: МИА