Пандев распали по челниците на ФФМ: Вие сте луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал

Од:

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и сопственик на прволигашот Академија Пандев, Горан Пандев, се огласи на Инстаграм по одложувањето на денешното прволигашко коло поради снегот и вчерашниот натпревар кој го одигра неговиот клуб.

-Срамно и жално… уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви… Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес, напиша Пандев.

Тој ги повика челниците на ФФМ „јавно да излезат и да кажат што направиле за македонскиот фудбал“.

-Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период… Подготвен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во ФФМ, да се тргнам настрана, порача Горан Пандев преку објавата на Инстраграм.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски