Пандев ја обвини ФИФА за малверзација со гласовите за избор на најдобар тренер

Од:

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев ја обвини ФИФА дека при изборот на најдобар тренер за 2012 година, неговиот глас даден за Жозе Мурињо го вброила кај победникот на гласањето Висенте дел Боске.

Пандев го поддржа тврдењето на Мурињо дека не е регуларен изборот.

– Како капитен на Македонија гласав за Мурињо и знам дека некои чудни работи се случија при броењето на гласовите. Според ФИФА мојот глас е регистриран за Дел Боске, а јас гласав за Мурињо. Ги побарав да им го кажам тоа, но остана на тоа. И Мурињо е свесен дека нешто чудно се случи, но ништо не може да смениме, ја пренесуваат шпанските медиуми изјавата на Пандев.

Изјавата на македонскиот капитен доби голем публицитет и кај италијанската спортска јавност и сега останува да се види реакцијата на ФИФА.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи