Заблагодарувајќи се на дочекот во раните утрински часови капитенот на репрезентацијата Горан Пандев потенцира дека верувал од почеток во својот тим и дека ова е голема радост.
-Доживеав на 38 години да одам на Европско првенство и тоа е мојата најголема радост. Знам дека поминавме долг пат за да дојдеме до ЕП, но верував во овие момци уште од самиот почеток, дечките навистина го заслужија ова и на крајот и ние фудбалерите конечно се израдувавме на Европско првенство. Сонот ни се оствари и се уште не сме свесни што направивме и колку е ова навистина огромен успех, рече Пандев.
Македонскиот национален тим синоќа во баражот во Тбилиси ја совлада Грузија со 1:0 со голот на Горан Пандев и првпат во својата историја избори пласман на Европско првенство.