Панчев во раководните структури на Црвена Звезда?!

Од:

Легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев во изјавата за српскиот весник „Вечерње новости“, вели дека нема да се впушти во нова епизода во македонскиот фудбал, се додека се овие услови.

– Имав идеа како треба да изгледа вистинската поставеност на македонскиот фудбал. Но, веднаш почнаа со приказните: „Дарко сака да владее со фудбалот”.

– Неколкупати нагласив дека не треба Дарко да биде претседател на ФФМ, бидејќи Македонија има вистински фудбалски легенди, изјави Панчев.

Тој додава дека воопшто немал желба за власт, туку дека само сакал организациски македонскиот фудбал да се постави на европски начин.

– Некои лица не ги сакаат фудбалските имиња во ФФМ. Моето име им служеше само како параван за остварување на лични амбиции. Тоа не можеше да мине кај мене, и затоа се откажав, вели фудбалската легенда.

Панчев не ја исклучува можноста да се вклучи во раководните структури на Црвена Звезда, клубот во кој се прослави.

Тоа му беше понудено уште пред десетина години, но фудбалската легенда вели дека ќе се вклучи само под услов доколку дел од клубот биде и Драган Џајиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски

Аталанта го забележа 10-от последователен триумф во Серија А