Отворено пријавувањето за 15.Виз Ер Скопски маратон

Од:

Пријавување за учество на 15. Виз Ер Скопски маратон, што ќе се одржи на 5 мај 2019. е отворено од денеска и ќе се одвива во неколку фази.

Пријавените во првите три дена, денес, утре и задутре, ќе можат да го изберат својот стартен број од понудените рангови на броеви. Воедно, сите кои ќе се пријават до 31 март 2019 година во стартниот пакет ќе добијат и маица.

– Четиринаесеттиот Виз Ер Скопски маратон беше еден од најмасовните спортски настани во Македонија и имајќи ја предвид ангажираноста и пожртвуваноста на организаторите се очекува 15-от да е уште поголем и подобар. Според нив успехот се должи на сите учесници и поддржувачи кои го прават Виз Ер Скопскиот маратон тоа што е, празник на спортот и здравиот начин на живеење, соопшти тимот на Виз Ер Скопски маратон.

Би можело да ве интересира

Рекордни 13.400 учесници на скопските улици: Заврши јубилејното 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон Inbox

Поради „Виз ер- Скопски маратон“ в недела во Скопје посебен режим на сообраќај

Кениска доминација на Скопскиот маратон, Киплагат и Матебо најбрзи

Скопје се разбуди со ритамот на тркачите: 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон со нови рекорди и уникатни транспаренти

Шилегов: Скопје покажува дека е европска метропола, голем домаќин и професионален организатор на масовен спектакл како Маратонот

Ана Ололовска

Арсова и Ивановски победија на Скопскиот маратон со нови државни рекорди

Ана Ололовска