Со натпреварот меѓу домашната Лаборал Куча и Нептунас Клаипеда синоќа во Виторија започна групната фаза од Евролигата сезона 2014/15. Победа забележа Лаборал со 88:69 (20:15, 17:15, 24:20 и 27:19).
Најефикасни во победничката екипа беа Дејвис Бертанс со 20 и Томас Ертел со 13 поени, а кај литванскиот претставник се истакна Донатас Завацкас со 17 реализации.
Двојки за денеска:
Анадолу Ефес – Уникс (А група);
Цедевита – Уникаха и Макаби – Лимож (Б група);
Црвена звезда – Галатасарај и Валенсија Олимпијакос (Д група).
Првото коло ќе биде комплетирано утре со натпреварите:
Нижњи Новогород – Динамо Сасари и Реал Мадрид – Жалгирис (А група);
Алба Берлин – ЦСКА Москва (Б група);
Панатинаикос – Туров, Фенернахче Улкер – Армани Милано и Барселона – Баерн Минхен (Ц група).