Отворен меѓународниот турнир во таеквондо „Скопје Опен 2017“

Од:

Рекордни 400 натпреварувачи од вкупно девет земји од регионот ќе се натпреваруваат на четвртиот по ред традиционален меѓународен турнир во Олимписко Таеквондо „Скопје опен 2017“ кој денеска започна во спортската сала на СРЦ Кале во Скопје.

Турнирот го прогласи за отворен директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој го искажа задоволството што градот Скопје и Република Македонија се наметнуваат на европската спортска мапа како одлични организатори и домаќини на реномирани меѓународни спортски натпреварувања.

– Со рекордниот број натпреварувачи кои се пријавија, овој турнир дефинитивно е најголем, а верувам ќе биде и најквалитетен таеквондо турнир кој досега бил организиран кај нас. Особено ме радува фактот што на овој турнир учество ќе земат и голем број македонски натпреварувачи, што зборува дека овој спорт во нашата земја високо котира и е практикуван од многу млади луѓе низ целата држава, истакна директорот Спасески.

Тој на сите натпреварувачи и стручни тимови, им посака успешен настап и во фер-плеј и во духот на спортот да победат најдобрите.
Меѓународниот турнир во таеквондо „Скопје опен 2017“ е во организација на Таеквондо клубот „Бутел“ и Македонската таеквондо федерација, а има финансиска поддршка и од Агенцијата за млади и спорт.

Би можело да ве интересира

Македонската репрезнтација во традиционално таеквондо на Европскиот шампионат во Словенија

Репрезентативката Парулеска прогласена за најдобра кадетка на Европскиот шампионат во традиционално таеквондо

Ана Ололовска

Охриѓанката Христијана Парулеска на тронот на Европа во традиционално таеквондо

Ана Ололовска

Сребрен медал за теквондо за репрезентативката Парулеска на контитиненталниот шампионат во Италија

Ана Ололовска

Прво државно првенство во традиционално таеквандо во Охрид

Ана Ололовска

Сребро и бронза за македонските таеквондисти на Президент Купот во Истанбул

А1он