Откриени нови детали за „Бе-Ем-Ве М5“

Од:

Пред официјалното претставување што ќе се случи оваа година, објавени се неколку нови технички детали на шестата генерација на моделот М5 на Бе-Ем-Ве.

Најсилниот модел на Серијата 5 ќе го покренува 4,4-литарски В8 битурбо мотор, кој располага со 600 коњски сили и 700 њутн метри најголем вртлив момент, што е доволно за забрзување од нула до 100 километри на час за 3,5 секунди. За пренос на моќноста има осумстепен автоматски менувач.

Бе-Ем-Ве прв пат М5 ќе го понуди со погон преку двете осовини, но на возачите со еден од трите работни погони ќе им се понуди и можноста целиот вртлив момент да го „праќа” само на задната осовина.

Оптималниот пренос на моќноста на подлогата е на гумите „Мипелин Пилот Спорт 4С“.

Поставен на 20-инчни двобојни алуминиумски бандажи, под кои се гледаат жолтите карбонско-керамички сопирачки, М5 стандардно ќе се испорачува со адаптивни ЛЕД светла, црни каросериски детали (вклучувајќи ја тука и маската за ладилникот) и опциска ТФТ инструментална табла.

Развиен е и мултимедијалниот систем, а „демонстрацијата на моќта” ја покажуваат и четирикратните хромирани завршетоци на издувниот систем.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on