Отфрлена тужбата за силување против Кристијано Роналдо

Од:

Американски судија ја отфрли тужбата за силување против Кристијано Роналдо затоа што адвокатот на тужителката се потпирал на протечени и украдени записи.

Кетрин Мајорга тврди дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед ја силувал во хотел во Лас Вегас во 2009 година. Тој ги негира обвинувањата и никогаш не бил обвинет.

Таа постигнала вонсудска спогодба со ѕвездата во 2010 година, но бараше милионска исплата, мног поголема од 375.000 долари што ги добила пред 12 години.

Мајорга вели дека иако се согласила на спогодбата набргу по наводниот инцидент, нејзината емоционална траума во тоа време не и дозволила да учествува во процесот на посредување и чувствувала притисок да ја прифати понудата.

Пред да поднесе жалба, нејзината адвокатка, Лесли Стовал, добила „нелегални“ информации и документи кои биле доверливи и привилегирани, напишала американската окружна судијка Џенифер Дорси.

Судијката вели дека адвокатката му наштетила на Роналдо со тоа што се однесувала со „лоша волја“ преку повеќекратна употреба на украдени, привилегирани документи за гонење на случајот.

Во пресудата на 42 страници судијката Дорси ја обвини Стовал за „злоупотреби и флагрантно заобиколување на соодветниот парничен процес“ и рече дека како резултат на тоа, „Мајорга ја губи својата можност да прдолжи со овој случај“.

Во 2019 година, американските обвинители изјавија дека Кристијано Роналдо нема да се соочи со обвинение бидејќи тие не можат „да се докажат надвор од разумно сомневање“.

Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Кларк во Лас Вегас соопшти дека Мајорга пријавила напад во 2009 година, но одби да каже каде се случило или кој е напаѓачот. Како резултат на тоа, полицијата не била во можност „да спроведе никаква значајна истрага“. Но, наводите повторно беа истражувани во 2018 година на нејзино барање.

Тоа уследи по написот од 2017 година во германскиот магазин Der Spiegel, кој објави дека во 2010 година, Мајорга постигнала вонсудска спогодба со фудбалерот затоа што се согласила никогаш да не излезе во јавност со наводите.

Адвокатката на Мајорга рече дека таа била инспирирана повторно да го отвори случајот од движењето #MeToo.

Роналдо не негираше дека двајцата се сретнале во Лас Вегас во 2009 година, но рече дека тоа што се случило меѓу нив било со взаемна согласност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Роналдо во солзи, неутешен по поразот во Купот на кралот

(ВИДЕО) Роналдо нокаутира камерман: Несреќникот не знаеше што го погоди

Жестока расправија на Роналдо и Џорџина среде аеродром: Доста му е од неа

Предраг Петровиќ

Зошто Кристијано Роналдо ги лакира ноктите?

Се појави виза на Џорџина Родригез во која е наведено дека е „робинка на Роналдо“

ВИДЕО: Роналдо се фати за половиот орган по извиците „Меси, Меси“ од публика-се бара депортација