Освежена втората генерација Шкода Суперб

Од:

Чешкиот производител на автомобили „Шкода“ објави први фотографии и технички карактеристики на редизајниарниот модел Суперб и Суперб Комби.

Според очекувањата Шкода по четири години од појавувањето на пазарот ја освежи и втората генерација на својот најголем модел.

Предниот дел на автомобилот е редизајниран во согласност со препознатливите детали на „Шкода“ од другите нејзините модели. Измени има на предната маска од ладилникот, браникот, поклопецот на моторот, а светлосните групи освен изменет подолг облик имаат и би-ксенон фарови и дневни ЛЕД светла.

Задниот дел на Суперб е модернизиран така што измени има на задниот поклопец, браникот и стоп светлата, кои сега имаат графика во ЛЕД технологија.

Освежување има и во внатрешноста на возилото, така што сега се достапни 9 различни варијанти на ентериерот, а понудата вклучува и избор меѓу трикрак и четирикрак управувач. Како опција е достапен и кожен пакет.

Изборот на мотори е пренесен од актуелниот Суперб, но кај некои погонски единици е подобрена економичноста, така што потрошувачката на гориво е намалена до 19 проценти.

Шкода како пример го наведува тоа дека 1,6 литарскиот ТДИ Гринлајн, сега има потрошувачка од само 4,1 литри на 100 километри.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on