Осум заразени со коронавирус во англиската Чемпионшип дивизија

Од:

Осум лица од второто ниво на англискиот фудбал – Чемпионшип дивизијата, биле позитивни на тестови за Ковид-19, соопшти фудбалската федерација по тестирањето во клубовите минатата недела.

Здравствените власти зеле вкупно 2.213 примероци, од кои осум биле позитивни, поделени во шест тима. Не е прецизирано колку од заразените се фудбалери и колку тренери или други вработени.

Тимот на Брентфорд, кој ќе ја продолжи сезоната во Чемпионшип со натпревар против Фулам во сабота, потврди дека еден од заразените со коронавирус е вработен во клубот, но не е фудбалер. Од сезоната во Чемпионшип остануваат уште вкупно 108 натпревари, вклучувајќи ги и плеј-офот за влез во Премиер лигата.

Во исто време, четири лица од два клуба во следната по ранг Лига 1, исто така биле позитивни на тестовите за коронавирус. Во третото и четвртата лига на англискиот фудбал, ќе се играат само плеј-офот за промоција, во кои спаѓаат екипи од трето до шесто место во пласманот.

Секој фудбалер што ќе биде позитивенќе мора да оди во карантин и нема да може да се врати во својата екипа пред да има два негативни теста.

Би можело да ве интересира

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година