На купот од Македонија отпатуваа 11 кик боксери од седум клубови, а вкупно учествуваа 1.083 спортисти од 12 земји од целиот свет.
Со злато се закитија:
1.Марија Божиноска +70кг кик лајт кбк Гладијатор Скопје
2.Бобан Илиоски -75 кг лоу кик кбк Шампион Скопје
3.Таки Гогов -89кг кик лајт кбк Будо Велес.
Сребрени медали освоија:
1.Блашко Петкоски -74кг кик лајт кбк Сен Сеи Гостивар
2.Александар Димовски +91кг кбк Самурај Битола.
До бронзените медали стигнаа:
1.Софијана Марковска -60кг кик лајт кбк Гладијатор Скопје
2.Дарко Најдов -63кг кик лајт кбк Гладијатор Скопје
3.Роберт Костовски -63кг кик лајт кбк Гладијатор Неготино.
Следен предизвик за македонските кик боксери е турнирот „Балкан опен“ кој ќе се одржи од 6-8 мај во Тешањ, Босна и Херцеговина.