Остануваат две празни места за НБА плеј-офот

Од:

Трите екипи кои се борат за последните две места во доигрувањето за титулата во НБА лигата ноќеска забележаа победи.

Индијана ја совлада Филаделфија, Чикаго беше подобар од Орландо, додека Мајами по продолжение го победи шампионот Кливленд. Епилогот околу конечната листа на учесници во плеј-офот ќе биде познат по одигрувањето на последните натпревари од лигашкиот дел.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска:

Филаделфија – Индијана 111:120,
Бостон – Бруклин 114:105,
Мајами – Кливленд 124:121 (по продолжение),
Чикаго – Орландо 122:75,
Детроит – Вашингтон 101:105,
Милвоки – Шарлот 89:79,
Портланд – Сан Антонио 99:98,
Голден Стејт – Јута 99:105 и
Ла Клиперс – Хјустон 125:96.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 66-15 (победи-порази), Сан Антонио 61-20, Хјустон 54-27, ЛА Клиперс 50-31, Јута 50-31, Оклахома Сити 46-34, Мемфис 43-38, Портланд 41-40,…

Пласман Источна конференција: Бостон 52-29 (победи-порази), Кливленд 51-30, Торонто 50-31, Вашингтон 49-32, Атланта 42-38, Милвоки 42-39, Индијана 41-40, Чикаго 40-41, Мајами 40-41,…

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот