Бранителот на титулата Рони О’Саливен, на извонреден начин стигна до полуфиналето на Светското првенство во снукер кое се игра во Крусибл театарот во Шефилд.
Тој го совлада Шон Марфи по само 2 сесии со 13:3.
Таму може да се сретне со Бери Хокинс со кого лани играше во финалето, доколку Хокинкс го совлада Доминик Дејл, против кого води со 11:5.