Во НБА лигата ноќеска се одиграа 13 натпревари, а кошаркарите на Орландо Меџик го доживеаја 11.от пораз во низа откако пред своите навивачи загубија од Лос Анџелес Клиперс, кои со оваа победа ја прекинаа серијата порази.
За разлика од нив Сан Антонио Спарс победија на гости кај Минесота и ја остварија 11.та победа по ред. На овој дуел „мамузите“ играа без повредениот Тим Данкан, додека во игра не беше ниту Ману Џинобили. Нивното отсуство го поплни Дени Грин, кој постигна за него рекордни 28 поени.
Преглед на резултатите: Торонто – Бостон 99:95, Филаделфија – Индијана 69:88, Вашингтон – Њујорк 106:96, Орландо – Лос Анџелес Клиперс 76:86, Кливленд – Шарлот 122:95, Атланта – Мемфис 103:92, Мајами – Хјустон 114:108, Детроит – Бруклин 90:93, Њу Орлеанс – Феникс 93:84, Оклахома Сити – Голден Стејт 119:98, Далас – Портланд 105:99, Минесота – Сан Антонио 94:104 и Јута – Милвоки100:86.
Вечерва играат: Бостон – Лос Анџелес Лејкерс и Денвер – Чикаго.
Пласман Источна конференција: Мајами 32-14 (победи-порази), Њујорк 31-16, Индијана 31-19, Чикаго 29-19, Бруклин 29-20,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 39-11, Оклахома Сити 37-12, Л.А.Клиперс 35-16, Денвер 31-18, Мемфис 30-18,…