Организаторите на Ролан Гарос објавија 16 добитници на специјални покани за турнирот

Од:

Челниците на Ролан Гарос денеска ги објавија имињата на 16 добитници на специјални покани за вториот Грен слем турнир во сезоната, по осум во женска и во машка конкуренција.

Во двете конкуренции по шест специјални покани добија шест француски тенисери и по еден американски и австралиски тенисер.

Добитници на специјалните покани се Французинките Ализ Корне, Кристина Младеновиќ, Жесика Понше, Коле Паке, Елса Жакмо и Фиона Феро, Американката Сашија Викери и Австралијката Ајла Томљановиќ.

Во машкиот дел од ждрепката, во главниот дел ќе настапат: Теренс Атман (Франција), Ришар Гаске (Франција), Пјер-Хуго Хербер (Франција), Аролд Мајо (Франција), Николас Морено де Алборан (САД), Џовани Мпеси Перикар (Франција), Александре Милер (Франција) и Адам Волтон (Австралија).

Квалификациите ќе ги пополнат: Клемен Чидек, Габриел Деброу, Матис Ерхард, Антоан Ескофие, Томас Форел, Артур Геа, Саша Гејмар Вајенбур, Мае Малиж и Тео Папамаламис.

Би можело да ве интересира

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ

Алкараз лесно до вториот круг – Волф без шанси

Ѓоковиќ и Надал во прегратка: Фотографија на годината пред Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Пекол за Надал во Париз, Алкараз и Синер пред финалето

(ВИДЕО) Ѓоковиќ оди кон 23. грен-слем, преку повредениот Алкараз до седмото финале на Ролан Гарос

Ролан Гарос се огласи за пораката на Ѓоковиќ за Косово

Предраг Петровиќ