Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев мораше да замине на нова операција на левото колено. Проблематичен беше латералниот лигамент на менискусот кој е саниран со нов хируршки зафат. Тој е опериран во Аугсбург кај д-р Улрих Бениш и се надева дека брзо ќе ја надмине и оваа пречка.
„Уште една пречка на патот. Благодарност до д-р Улрих Бениш и неговиот тим што ми помогнаа уште еднаш во овие тешки мигови. Напорната работа почнува сега, а јас ќе се вратам посилен“, истакна Дени Илиев.
Враќањето на терените за Дени Илиев, според лекарските проценки, е предвидено за околу три месеци.
Извор: Топспорт