Opel во Женева претстави кабриолет од средната класа именуван Cascada.
Тој има висококвалитетениот систем на мек подвижен покрив, кој се отвора со притискање на копче во рамките на 17 секунди дури и во движење со брзина до 50 km/h.
Механизмот за погон на покривот може да се активира и далечински кога возилото е во мирување.
Во понуда ќе бидат 3 мотори, 1.4 литарски со 120КС или 140кс и и 2.0 литарскиот битурбодизел мотор со 165кс.
Богатата луксузна опрема вклучува автоматски подавачи на ремените, тапацир од висококвалитетна кожа, вентилирани ергономски седишта, како и изобилство на системи за безбедност, кои го зголемуваат комфорот при возење и овозможува дополнителна безбедност за мирно и пријатно патување. Новиот Opel Cascada ќе биде на располагање кај официјалните дилери на брендот од месец април.