„Опел“ прави анализи за прозводство на евтини модели

Од:

Компанијата „Опел“, наводно, работи на анализа за исплатливоста на сосема нов евтин модел, што ќе го понуди на европскиот пазар.

По „Фолксваген“, судејќи според извештаите на специјализираните медиуми, и „Опел“ се подготвува да го имитира мајсторскиот потег на „Рено“ со брендот „Дачиа“.

Извори на „Automotive News“ велат дека „Опел“ ја има за цел публиката која досега ги купуваше моделите на „Шевролет“, брендот што ќе се повлече од Европа до крајот на 2015 година.

Наводно, оваа одлука долго се подготвувала, а е дел од планот за експанзија и новата визија за европското делување на „Опел“, која ќе ја спроводе „Опел Груп ГмбХ“ со 100 вработени. Оваа група ќе раководи со „Опел“, но и со европските активности на „Кадилак“ и руската операција на „Шевролет“.

Доколку планот за евтини возила добие зелено светло, новите модели треба да се појават кон крајот на деценијата.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ