По премиерата одржана на саемот на автомобили во Париз, компанијата „Опел“ ја соопшти цената на спортскиот модел „ADAM S“ во Германија и најави дека овој модел во продажните салони ќе пристигне веќе на почетокот на 2015 година.
Врз основа на лајфстајлот на автомобилот „АDАМ“, моделот „S“ се издвојува пред се по 1.4-литарскиот турбо-бензински мотор со 11о kW/150 KS што е поврзан со шестбрзински мануелен менувач.
Максималниот вртежен момент од 220 Nm е достапен во распонот меѓу 2.750 и 4.500 вртѕежи во минута, а „ADAM S“ е во состојба од 0 до 100 километри на час да забрза за 8,5 секунди.
Меѓу забрзувањето во петта брзина од 80 до 120 километри на час изнесува 7,9 секудни, додека максималната брзина е 210 километри на час.
Спортските карактеристики на возењето се унапредени со посебно подесување, спуштени потпирачи, како и со подиректен систем за управување.
Иако не е излезен од Перформанс центарот на „Опел“, моделот „ADAM S“ е опремен со силни OPC сопирачки што се прилагодени на различни димензии на тркалата, а во понудата има специјално дизајнирани 17 и 18 инчни алу фелни.
Предниот спојлер, посебно обликуваните странични прагови и проширениот заден браник, јасно го издвојуваат овој автомобил од останатите членови на семејството „ADAM“. Спортскиот изглед го заокружуваат задниот спојлер и хромираниот завршеток на издувните цевки.
Почетната цена за „ADAM S“ во Германија изнесува 18.690 евра, а купувачите можат да изберат и дополнителни опции вклучувајќи спортски педали и „Рекаро“ спортски седишта за кои треба да се доплати уште 1.300 евра.