„Опел Мовано“ е прогласен за „Зелен Ван за 2015.“ (Green Van 2015.) во класата на стопански возила со максимална дозволена маса до седум тони. Во изборот на најзелено возило учестуваа 15 конкуренти.
„Мовано“ наградата ја освои благодарение, пред се, на 2.3-литарскиот CDTI Bi Turbo дизел мотор со 163 кс (120 кW), што, според фабричките податоци, троши просечно 8,5 литри на 100 километри.
Возилото опремено со овој мотор во атмосферата емитува 268 грама јаглен-диоксид на километар.
Ванот е стандардно опремен со стоп/старт системот што му овозможува моторот автоматски да се исклучи при запирање на семафори во градовите, со што дополнително се намалува загаденоста на воздухот во урбаната средина каде овој вид возила и најмногу се употребуваат.