„Опел“ го претстави 1.3-литарскиот еко FLEX дизел мотор, што ќе биде инсталиран во моделот„ Корса“ за 2015 година.
Новиот CDTI мотор произведува 95 кс (70 kW) и развива 190 Nm максимален вртежен момент, а стандардно е опремен со стоп/старт технологијата за дополнителна заштеда на гориво, како и систем за наплата на електрична енергија и пнеуматици со низок степен на отпор при тркалање.
Во комбинација со овој мотор, се испорачува и новиот Easytronic 3.0 менувач, кој исто така, придонесува за економичност во возењето, па според фабричките податоци просечната потрошувачка во комбиниран режим се спушта на 3,1 литри на 100 километри, додека емисијата на CO2 може да се редуцира на 82 грама на колометар.
Новата „Опел Корса 1.3 CDTI“ прво ќе биде достапна за корисниците во Германија, кои од февруари ќе можат да нарачаат по цена од 17.310 евра.