Opel Astra GTC со 170 КС

Од:

Новата Opel Astra GTC ќe биде придвижувана од нов, 1,6-литарски SIDI Turbo мотор.

Моторот од 135 kW/170 КС неодамна доживеа премиера во моделите Cascada, Astra со пет врати и Sports Tourer, како и Zafira Sports Tourer, а сега и Astra GTC се приклучува кон ова „друштво“.

Со максимален вртежен момент од 260 Nm (280 Nm благодарение на функцијата overboost), максимална брзина од 219 км/ч, извонредно ниска потрошувачка на гориво од само 6,1 к на 100 км според NEDC (Нов европски циклус на возење) и емисии на CO2 од 143 г/км, Astra GTC 1,6 Turbo SIDI ги остава своите најголеми конкуренти да се борат за да стигнат до неа.

Opel Astra GTC 1,6 SIDI Turbo е на располагање со 6-брзински мануелен или 6-брзински автоматски менувач и може да се нарача со почетна цена од 23.859 евра. За само неколку месеци, Opel во целост ја обнови врвната понуда за моторизација на Astra GTC. Ова широко портфолио е надополнето со OPC верзијата од 206 kW/280 КС, 2,0 CDTI BiТurbo дизел моторот со високи перформанси и максимален вртежен момент од 400 Nm, а сега тука е и моќниот но тивок 1,6 SIDI Тurbo мотор.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on