Германската компанија Опел ја претстави ОПЦ изведбата на малиот модел Адам.
Опел Адам С првенствено беше претставен како концепт на Саемот во Женева, а шест месеци подоцна е претставен и серискиот модел.
Највпечатлив детал е големиот спојлер на покривот што гарантира подобра стабилност и управување при високи брзини. Во внатрешноста се истакнуваат Рекаро спортските седишта. Опел нуди персонализација на моделот, така што, купувачот може да избере меѓу десет бои на надворешноста и четири разчични ентериери.
Новиот 1,4 литарски Турбо ЕкоТек мотор со 150 коњски сили во комбинација со шестстепен мануелен менувач забрзува од 0 до 100 километри на час за 8,5 секунди и има максимална брзина од 200 километри на час.
Моторот исполнува Евро 6 стандард и е опремен со Старт и Стоп технологија, со што просечната потрошувачка изнесува 6,4 литри на 100 километри и емисија на штетни гасови од 149 грама на километар.
Адам С во продажба се очекува во ноември годинава, а цената ќе биде позната по официјалната премиера на Саемот во Париз.