Opel Adam награден со Red dot за најдобар дизајн во 2013 година

Од:

„Опел“ ја продолжува традицијата на освојување „Red dot“ награди за дизајн. По моделите „Инсигниа“, „Астра Спортс Тоурер“ и „Астра ГТЦ“, добитник на ова признание за 2013 година стана моделот „Опел АДАМ“.

„Малиот“ на „Опел“, градскиот лајфестајл модел, е награден во областа „Дизајн на производите во 2013“, во „Автомобилската и транспортна“ категорија.

Како четврт модел на производителот од Риселсхајм, „АДАМ“ ја продолжи серијата што во 2009 година ја почна „Инсигниа“.

Со оглед на тоа дека годинава конкуренцијата за „Red dot“ наградите за дизајн беше посилна отколку кога било претходно, нивното задоволство со освојувањето на наградата е дотолку поголемо.

Во конкуренција беа 1.865 компании и дизајнери од 54 земји, а на стручното жири му беа претставени вкупно 4.662 производи од 19 категории.

Наградата официјално ќе биде врачена на свечената вечара на „Red dot“ на 1 јули 2013 година, во Есен.

Натпреварувањето „Red dot“ датира уште од 1955 година и е едно од најголемите и најпознати на светот во областа на дизајнот.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on