Олимпискиот првак Мексико и Аргентина елиминирани од фудбалскиот турнир, Бразил во четвртфиналето

Од:

Олимпискиот шампион Мексико и Аргентина го завршија настапот на Олимписките игри во Рио.

Мексико синоќа во дуелот од 3. коло од групата загуби од Јужна Кореја, а Аргентина одигра нерешено со Хондурас. За разлика од нив домаќинот Бразил убедливо ја победи Данска и се пласира во четвртфиналето.

Резултати од 3.коло:

А група: Данска – Бразил 0:4 и Јужна Африка – Ирак 1:1.
Табела: Бразил 5 бодови, Данска 4, Ирак 3, Јужна Африка 2.
Б група: Јапонија – Шведска 1:0 и Колумбија – Нигерија 2:0.

Табела: Нигерија 6, Колумбија 5, Јапонија 4, Шведска 1.

Ц група: Јужна Кореја – Мексико 1:0 и Германија – Фиџи 10:0.
Табела: Јужна Кореја 7, Германија 5, Мексико 4, Фиџи 0.
Д група: Алжир – Португалија 1:1 и Аргентина – Хондурас 1:1.

Табела: Португалија 7, Хондурас 4 (гол разлика 0), Аргентина 4 (гол разлика -1), Алжир 1.

Во четвртфиналето на 13.август ќе играат Бразил – Колумбија, Јужна Кореја – Хондурас, Нигерија – Данска и Португалија – Германија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он