Окур ја заврши кариерата

Од:

Некогашниот турски репрезентативец и НБА играч поради неколкуте последни години исполнети со повреди одлучи повеќе да не се занимава со активно играње кошарка.

Мехмет Окур одлучи на свои 33 години да стави крај на кошаркарската кариера, иако до него во претходните неколку недели стигнаа понуди од неколку познати екипи.

Причина за ваквиот развој на настаните се честите повреди кои последниве години го мачеа Турчинот, кој три години немаше сезона без здравствени проблеми.

„Имав неколку понуди од екипи од НБА и од Евролигата, но кога телото ќе почне да ви откажува и ќе престане да ви дозволува да давате сè од себе на теренот тоа е знак дека е време за заминување во пензија“ – изјави Окур.

Крилниот центар во својата кариера настапуваше за Ојак Рено, Тофаш, Ефес Пилсен, од каде 2002. година се пресели во НБА во екипата на Детроит Пистонс. Со нив тој ја освои титулата 2004. година, по што го облече дресот на Јута Џез, во кој мина седум години. Во сезоната 2011/12 беше дел од тимот на Њу Џерси.

Својата најдобра НБА сезона Окур ја имаше 2005/06 кога како играч на Јута оствари просек од 18 поени и 9.1 скокови по натпревар.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on