Оклахома Сити ги победи Лос Анџелес Лејкерс со 106:90 и со 4-1 во полуфиналната серија се пласира во финалето на Западната конференција, каде ќе игра со тимот на Сан Антонио Спарс.
Расел Вестбрук постигна 28 поени, а Кевин Дурент забележа 25 коша и десет скока.
Коби Брајант постигна 42 кошеви за Лејкерси, но и тоа не беше доволно против расположените играчи на Оклахома. Тие се пласираа во финалето на Западната конференција веќе втора година по ред.
Бостон поведе со 3:2 во полуфиналната пресметка против Филаделфија на Истокот, благодарение на победата од 101:85. Брендон Бас, кој експлодира во третата четвртина во која постигна 18 поени од вкупно најмногу во кариерата 27-те.
Кевин Гарнет придодаде 20, а Ражон Рондо оствари 13 коша и 14 асистенции за Бостон, кој може да се пласира во финалето со триумф во среда во шестиот натпревар на гости кај Филаделфија. Елтон Бренд мечот го заврши со 19 поени.