Оклахома Сити Тандер со победата од 107:99 над Сан Антонио Спарс е новиот шампион во Западната конференција и за прв пат по 1996 ќе играат во големто финале, тогаш како Сиетл Суперсоникс.
Победата беше четврта по ред за Тандер во серијата со Спарс за конечни 4-2 финалето за Западот.
Сан Антонио го започнаа одлично натпреварот и водеа со 18 поени во вториот дел и 15 на одморот.
Сепак, во последните два дела, кошаркарите на Оклахома Сити, поддржани од повеќе од 18 илјади навивачи стигнаа до фантастичен пресврт.
Кевин Дуран повторно блесна со 34 поени, 14 скока и пет асистенции, а Расел Вестбрук додаде уште 25 поени и осум скока за конечните 107:99.
Во финалето на НБА тие ќе сретнат победникот од серијата на Истокот меѓу Бостон и Мајами, каде Селтикс води со 3-2.